Автобусот на “Дурмо турс“ бил осигурен-на патниците им следува отштета

Loading...

Директорот на осигурителната компанија “Еуросинг“, преку која бил осигурен автобусот на “Дурмо турс“ кој се преврте кај село Ласкарце, ги повикал семејствата на загинатите, но и на повредените што побрзо да достават документација за компанијата да им изврши исплата на отштетата.
-Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување, изјави Кадри Моринај, а пренесе “Курир“.
За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.
-Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра, додава Моринај.

 

loading...