Автобус на ЈСП гори во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Loading...

 

Утрово автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали во населбата Ѓорче Петров. Од  снимката се гледа дека густ чад се шири низ населбата. Се работи за автобус со број 5 кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.
Од ЈСП Скопје за “Курир“ информираат дека на лице место е внатрешна контрола и се утврдуваат причините за несреќата. Најважно е што нема повредени патници.

loading...