Автобус на ЈСП прегази пешак, со тешки повреди пренесена на Клиника

Loading...

Вчера во 14:15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

loading...