Автобус полн со туристи целосно изгоре во туристичкото место Лептокарија во Грција 

Автобус со 47 српски туристи кој се враќал од познатото туристичко место Егина, се запалил и потполно изгорел во Лептокарија во Грција. Како што пренесуваат српските медиуми за среќа никој не е повреден благодарение на возачот и неговата брза реакција.
На Фејсбук страната на “Грчка Инфо“ се наведува дека пожарот избувнал поради лошата инсталација во автобусот, по што набрзо се запалил и целосно изгорел.

 

Loading...