АВТОМОБИЛОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ПРОДАДЕН ЗА 869.000 ЕВРА: Ова е единствениот таков модел со црна боја

Личниот автомобил на покојната принцеза Дијана денеска е продаден за 737.000 фунти (869.000 евра), а продажбата е организирана во пресрет на 25-годишнината од нејзината смрт во Париз, објави денеска Silverstone Auctions.

АВТОМОБИЛОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ПРОДАДЕН ЗА 869.000 ЕВРА: Ова е единствениот таков модел во црно

Ford Escort RS Turbo од 1985 година беше продаден на неименуван купувач во Манчестер.

Британската принцеза сама го возела својот автомобил низ Лондон, но секогаш во придружба на чувар.

Продажбата се одржа четири дена пред 25-годишнината од смртта на Дијана (36), која загина во сообраќајна несреќа во Париз.

Дијана беше сопруга на принцот Чарлс со кој ги има синовите, принцовите Вилијам и Хари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.