Агентите го утврдија идентитетот на другарот на Царнаев

Loading...

Агентите на американските специјални служби успеале да го утврдат идентитетот на Михаил, другар на постариот од браќата Царнаеви осомничени за терористичкиот напад од 15-ти април во Бостон, кој според нивните роднини имал силно влијание врз Тамерлан и придонел за негово преобратување во радикалниот ислам, објави CNN повикувајќи се на свој извор.Претходно во петокот американските медиуми повикувајќи се на роднини на браќата Царнаеви пишуваа дека постариот брат, 26-годишниот Тамерлан, во последниот период бил под силно влијание на маж кој го идентификувале како Миша, кој го проповедал исламот. Веројатно, според нив, дружењето со него, придонело Тамерлан да се откаже од спортот, бил боксер, и од музиката и да се преокупира со радикалниот ислам.Според чичкото на браќата, Руслан Царнаев, познаникот на Тамерлан буквално „управувал со неговиот мозок“. Неодамна, друг чичко на браќата, Анзор Царнаев, за локалните медиуми изјави дека американските разузнавачки служби за време на средбите со родителите на Тамерлан и Џохар се интересирале за идентитетот на нивниот пријател Михаил/Мајкл, кој се преобратил во исламот. Според него, тој потекнувал од угледно семејство и живеел во соседството.Претходно во петокот американските власти се сомневаат дека 45-годишната Зубејдат Царнаева, мајката на осомничените за терористичкиот напад во Бостон, 26-годишниот Тамерлан и 19-годишниот Џохар, можела самата да го поттикне постариот син да се приврзе за радикалниот ислам. „Истражуваме дали таа (Царнаева) можела да го поттикне својот син кон радикализација, а, исто така, дали таа можела да има врски со други луѓе или терористички групи”, рече сенаторот Чарлс Руперсбергер.Според Associated Press, името на Зубејдат Царнаева пред година и половина било ставено на американската листа на осомничени за врски со тероризмот (TIDE). Царнаева била ставена на листата откако кон крајот на 2011 година руските разузнавачки служби ја предупредиле американската централна разузнавачка служба CIA за нејзини можни врски со екстремистите.Покрај тоа, како што претходно беше објавено, пролетта 2100 година руската тајна служба барала проверка на Тамерлан Царнаев што ја извршиле агенти на американското федерално истражно биро FBI за можни врски со екстремистите и неговото име било вклучено во базата TECS, направена за оневозможување на сомнителни лица да влезат на територијата на САД. Во септември 2011 година, по иницијатива на CIA, Царнаев уште еднаш се појавил на другoт список со осомничени за врски со тероризмот – TIDE, кој е во базата на американскиот национален антитерористички центар.Истрагата се води поради терористичкиот напад, како што американските власти ги квалификуваа двете експлозии во интервал од 12 секунди кои одекнаа на 15-ти април на целната рамнина од познатиот меѓународен Бостонски маратон, при што загинаа три лица, од кое едно осумгодишно момченце а 264 беа ранети, од кои на десетина им се ампутирани екстремитети. Ноќта на 20-ти април, по интензивна масивна 24-часовна потрага беше уапсен еден од осомничените како извршител на нападот, 19-годишниот Џохар Царнаев кој во петокот е пренесен од болницата во Бостон во затворот Форт Девенс во сојузната држава Масачусетс, каде е хоспитализиран поради раните на вратот и ногата здобиени во престрелка со полицијата при неговото апсење.Вториот осомничен од чеченските браќа кои претходно живееле во кавкаската руска република Дагестан каде што доминира муслиманското население а добиле американско државјанство, повозрасниот Тамерлан почина во болница откако на 19-ти април беше ранет во престрелка со полицијата во бостонското предградие Вотерстаун.
МакфаксАгентите на американските специјални служби успеале да го утврдат идентитетот на Михаил, другар на постариот од браќат

loading...
Loading...