Агнеса кажа какви мажи сака и порача: На нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат

Агнеса Органџиева е наша позната инфлуенсерка, мајка на две ќерки, која стана ектуелна во јавноста на почетокот од минатата година, откако по 18 години брак се раздели од Робет Орданоски, поранешниот директор на АЕК.


Никој не останува рамнодушен на објавите на Агнеса, но и изјавите каде што таа без срам си кажува што и како е во реалноста. Не е лесно да се биде ваква убавица и мајка на две ќерки, но на Агнеса изгледа дека животот и се лизга лесно како мед.

Во интервју за Бекстејџ, таа рече дека кога оди на ,,дејт” или вечера важно е никогаш да не се става ташната на маса, тоа е бон-тон правило.
Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја. Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса.

– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.
Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки.

-Да, ми смета. Се знае тренерки каде се носат, во парк, на Водно, на патување кога одиш, да се чувствуваш комотно, еве ќе речеме – ќе го спомнам последниот ИНВЕНТ на кој што бев поканета, на „Винедонија“.
Значи јас бев облечена во фустан, елегантен, нормален, и кога влегов девојките стварно беа шокирани како јас сум се облекла.

Едноставно треба да знаете на такви инвенти како треба да делува една дама, а не да си во обични панталони и кошула. Јас сум секогаш искрена и мислам дека тоа се гледа“, рече Агнеса.
Таа место ивент (настан) два пати кажа инвент, но веројатно станува збор за ненамерна грешка.

Агнеса кажа какви мажи сака и порача: На нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат

Агнеса Органџиева во новото интервју за Репортер рече дека не очекувала, последните две години толку ќе се пишува за неа и за поранешниот сопруг, поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски.
Таа го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на пандемијата, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја спомена во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.
Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.
Со ќерката Тифани, таа раскажала за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.

Агнеса Органџиева во интервју за Гламур.мк зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.
На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одоговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.

-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.
-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам.

Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.
Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.

Пронајдете не на следниве мрежи: