Адвокатот Еленко Миланов гарантира дека МВР го има бројот на Груевски

Loading...

Во синоќешната емисија “Топ тема“ Еленко Миланов, еден од адвокатите на Никола Груевски изјави дека Груевски го исконтактирал и му кажал дека на тој телефон може да го контактира, а тој тоа го пријавил во судот. И понатаму, вели, се слуша телефонски со својот клиент откако е во Будимпешта и бара политички азил, додавајќи дека нема ништо тајно и дека МВР знае за се што постои во неговиот телефон, и дека е убеден дека МВР знае за бројот на Никола Груевски.
-Груевски ми се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови од број од странство. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот дека сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација со пораки за овдешното судење и за можноста да му биде определена мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи ние и да сакаме, не можеме да му помогнеме во врска со азил за каде било надвор од Република Македонија, ниту го знаеме тамошното законодавство ниту имаме дозвола за работа. Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување мерка притвор пред му биде одземен имунитетот и тоа не може да го направи судечкиот совет, туку само кривичниот по правосилен обвинителен акт. Јас ви гарантирам дека МВР го има бројот на Груевски. Затоа што тоа што го има како комуникација во мојот телефон го имаат веројатно, не знам од кои причини. Но, да, сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден куп други информации кои верувам дека нашите служби можат да ги обезбедат, рече Миланов додавајќи дека ќе контактира со Груевски се додека е негов бранител.
-Ако ме контактира и ако имам потреба да го контактирам за било кое прашање од постапките за кои сум негов бранител, јас тоа ќе го сторам. Се додека не ми се одземе полномоштвото јас него го застапувам.

 

loading...