Адитиви за гориво – дали навистина помагаат и колку?

Loading...

Адитиви се додаваат на горивата за да се подобрат нивните својства. Тие придонесуваат за потивко работење на моторот и помала потрошувачка и ги штитат виталните делови на моторот. Но, дали треба да се користат на своја рака?
Многу е важно да ги знаеме сите начини да го одржуваме автомобилот здрав и исправен, а истовремено да ги сведеме на минимум потрошувачката на гориво и трошоците за одржување.
Горивото е една од поважните ставки. Горива со повисок квалитет, како што се оние со ознака Class Plus, веќе содржат адитиви, па ако секогаш ставате горива со повисок квалитет, веројатно не ви е потребна дополнителна помош. Ако се сомневате дека моторот не работи правилно поради наслаги на вентилите, можете да ги отстраните со адитиви (ако наслагите не се премногу големи). Тоа е секако поедноставно и поевтино решение отколку расклопување и чистење на делови од моторот, но треба да се консултирате и со сервисер.
Адитиви се додаваат на дизел горивата кога знаеме дека пристигнуваат екстремно ниски температури за да се избегне формирање на восочни чепови кои можат да ги запушат доводните канали и да ја блокираат работата на моторот. Така, ако фатат сериозни температури под нулата, нема да се нервирате ако со време набавите адитиви.


Постојат различни видови на адитиви кои имаат различни ефекти – го намалуваат формирањето на наслаги на инјекторите и вентилите, антиоксидансите гарантираат стабилност на физичко-хемиските својства на горивата, делуваат против формирање на набој, корозија, го намалуваат триењето… Најчести се оние што ги отстрануваат нечистотиите и наслагите во системот за гориво. Експертите се согласуваат дека нивната употреба може да доведе до подобрување на перформансите на возилото.
Ако не го возите автомобилот на автопат многу често, туку повеќе возите пократки растојанија, моторот не може да се загрее доволно за да се исчисти, па адитивза чистење на инјекторот може да ви биде од корист. Овој посебен вид адитив ги отстранува наслагите од млазниците што ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
Сепак, треба да се биде скептичен во однос на адитивите кои ветуваат заштеда на гориво до 20 проценти. Тие се дефинитивно најпопуларните, но нивните придобивки сепак се поскромни отколку што очекува клиентот.

loading...