Адријана Лима се прости од „Викторија’с сикрет“

Вчеравечер во Њујорк се одржа спектакуларна ревија на модната куќа „Викторија’с сикрет“, а една од најпопуларните манекенки, Адријана Лима, последен пат прошета по пистата со препознатливите крилја на грбот.
Популарната манекенка го искористи овој момент за да се прости од публиката и од модниот бренд чие заштитно лице беше подолго време од која било друга манекенка.

Во краткиот видеоклип објавен на социјалните мрежи, Адријана ја синтетизира својата манекенска кариера долга две децении и се покажа во разни изданија на ревиите на „Викторија’с сикрет“.

Пронајдете не на следниве мрежи: