Ако купувате вијагра на Косово, внимавајте при изборот- еден вид е повлечен

Косовската Агенција за медицински производи и опрема (АКППМ) денеска соопшти дека по извршените лабораториски тестирања, од пазарот повлекла еден вид на препаратот вијагра, јави дописникот на МИА од Приштина.


– Ве известуваме дека продуктот Био-сутра со активна супстанција сиденафил цитрат, 100 милиграми орален гел (со седум различни вкусови) со сериски број БСЈ 817, производ на „Свис Парентералс ПВТ ЛТД“ е донесен од Фармацевтскиот инспекторат како редовен производ во Официјалната лабораторија за контрола на квалитетот, при што, по извршените тестирања, се добиени микробиолошки резултати кои резултираат со надминување на дозволените фармакопеални лимити, како и неусогласеност со декларацијата на производителот, се вели во соопштението на АКППМ.
Поради тоа, според Агенцијата, „споменатиот производ е пријавен како продукт надвор од дозволените специфики“ и е донесена одлука за повлекување на таа серија од пазарот.