Ако мислиш дека некој те следи пријави во полиција, му порача МВР на Пендаровски

Loading...

Стево Пендаровски не пријавил во полиција дека бил следен од тајни служби блиски до опозицијата. Од МВР за Press24 велат дека таква пријава не добиле и дека очекуваат, доколку Пендаровски има некакви сознанија за тоа да поднесе пријава до полицијата. Стево Пендаровски во двете последни интервјуа се пожали дека 10 дена го следеле тајни служби блиски до опозицијата и дека доказ за тоа биле 3 фотографии од него објавени на социјалните мрежи.
“До сега до МВР господинот Пендаровски нема доставено пријава за наводите што ги спомнува. Очекуваме за сознанијата што вели дека ги има да достави соодветна пријава до полицијата.“ – велат од МВР.
Ваквата информација од полицијата потврдува дека Пендаровски освен што се жалеше на две телевизии, за случајот не ги известил надлежните за да почне соодветна истрага.
Истовремено, информацијата на МВР е комплетно спротивна на она што Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски го соопшти вчера во Битола, а тоа е дека полицијата за случајот веќе има оформен предмет и дека институциите постапуваат.

 

 

loading...