Ако сакате долг живот, појадувајте рано наутро

Loading...

Од друга страна, луѓето кои јадат доцна навечер го нарушуваат внатрешниот биоритам и го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и болести на срцето.
Научници од Универзитетот во Њујорк спроведоа истражување кое им помогна да сфатат дали времето за појадок може да влијае на должината и квалитетот на нашиот живот. Во студијата учествувале повеќе од 34.000 Американци постари од 40 години и истата траела десетина години. Учесниците во студијата го бележале времето на оброкот, а научниците во текот на студијата го споредувале со степенот на смртност.
Резултатите се објавени во Journal of Nutrition, а покажале дека оние кои појадувале меѓу 6 и 7 часот имале за 6% помали шанси да заболат и умрат од тешки болести како срцев удар или рак од оние кои редовно појадувале во 8 часот, како и 12% помал ризик од рана смрт од оние кои првиот оброк го консумирале во 10 часот.
Се смета дека прескокнувањето појадок или негово доцно консумирање го нарушува биолошкиот час за исхрана – внатрешно програмирање кое контролира ослободување хормони поврзани со исхрана, како инсулин.
Во телото на луѓе кои јадат доцна се произведува помалку инсулин со што се зголемува можноста за пораст на нивото на шеќер во крвта, а тоа доведува до дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

loading...
Loading...