Ако Србија бара дел од наследството на Тито, право на тоа полага и БиХ

Loading...

Доколку Србија инсистира да и припадне дел од приватно наследство на поранешниот комунистички водач на некогашната СФРЈ,Хрватот Јосип Броз Тито, свој дел ќе бара и Босна и Херцеговина, бидејќи на тоа има право според договорот за сукцесија на имотот на поранешната заедничка држава.Ова во средата го најави министерот за финансии ја Босна и Херцеговина, Зените Келиќ кои во името на БиХ е задолжен за сукцесијата на поранешната Југославија.Коментирајќи ги најавите од кабинетот на српскиот претседател Томислав Николиќ дека тој дозволил пристап до приватниот имот на Јосип Броз Тито коешто поранешното колективно Претседателство на СФРЈ по титовата смрт одлучи да ги стави во трезор во Народната банка во Белград,  Келиќ за сараевскиот дневен весник Dnevni avaz од средата изјави дека доколку право на тоа полага Србија, исто право на распределбата на тој имот имаат и сите земји наследнички на некогашната Југославија.Во трезорот на Народната банка на Србија, веќе 33 година, по смртта на Тито, како што претпоставуваат адвокатите на членовите на семејството Броз, во 11 вреќи би требало да биде се што по смртта нa Јосип Броз Тито е затекнато во неговата вила во белградската елитна населба Дедиње, меѓу другото и шесте последни негови претседателски плати, авторските хонорари за книгите, и непознато но се претпоставува не многу големо количество злато и накит.Медиумите веќе со години нагаѓаат дека значителен дел од оставината на Тито, особено уметничките дела и многу подароци коишто ги добил во повеќето децении од други светски државници, е опустошен и дека по неговата смрт многу скапоцености исчезнале и не се знае кај кого се во моментов. Се проценува дека станува збор за вредност од неколку десетици милиони американски долари. Во јавноста и натаму се спори кој дел од наследството треба да припадне на титовата вдовица Јованка Броз.На списокот на наследството на Тито, како што своевремено пишуваше белградскиот весник Вечерње новости, се наоѓа и покуќнина  во длаборез, филателистичка колекција, ковани пари, златници, австроунгарски дукати, украсни игли за вратоврски со рубини и брилијанти и скапоцени камења, садови од скап кристал и керамика, табакери златни копчиња, скапи часовници… Меѓу оставината на Тито е и славниот орден на Суворов, кој има милионска вредност, кој единствени уште го добиле советските маршали Сталин и Жуков, како и камен од Месечината, подарок од американските астронаути, но се претпоставува дека каменот и орденот ќе останат во сопственост на српската држава.Засега не е јасно дали најавите за овозможувањето на пристапот до оставнината на Тито се однесува само на содржината на она што е ставено во вреќите од трезорот во Белград, кои досега не се отворани и на што инсистираат членови на семејството на покојниот доживотен југословенски претседател кои водат правна битка околу неговото наследство или, пак, целиот имот затекнат во неговите резиденции низ земјата и потоа потпишан.„Не може само Србија да има право на тоа. Доколку постои, на пример, злато, пари или некои други драгоцености, тогаш на тоа е имот на сите држави наследнички, па сите ќе мора да се вклучиме во овој процес“, изјави Келиќ.Тврди и дека се неосновани и неприфатливи тврдењата на правниот советник на српскиот претседател Николиќ, Оливер Антиќ, дека кабинетот на претседателот на Србија е правен наследник на Претседателството на СФРЈ.
МакфаксДоколку Србија инсистира да и припадне дел од приватно наследство на поранешниот комунистички водач на некогашната СФРЈ,Хрватот Јосип Броз Ти

loading...