Ако Стево загуби од Силјановска ќе организираме предвремени парламентарни избори, најави Заев

Премиерот Зоран Заев најави дека е можно да бидат распишани и предвремени парламентарни избори, но дури по завршувањето на претседателските, одговарајќи на прашање во врска со претстојните претседателски избори.
Ако Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, Зоран Заев најави дека ќе распише предвремени парламентарни избори. Според Заев, иако со мала разлика СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ.