Ако утре патувате со авион-тргнете порано од дома

Loading...

Заради пристигнувањето на папата Франциск во нашата земја патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.
Патниците, пак, кои ќе имаат вечерни летови треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.
Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени,  се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.
Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и обратно, со официјалниот превозник “Манора“, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени. Ова единствено не важи за линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, којашто ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на “Манора“: https://www.manoragroup.com/en.

loading...