АКТЕР ЈА ОСТАВИ БРЕМЕНАТА ЖЕНА! Ја објасни СТРАШНАТА ВИСТИНА и направи бура по мрежите

Американскиот актер Стив Бартон, најпознат по улогата во сапуницата Општа болница, откри дека ја напушта бремената сопруга која чека дете со друг маж.

Сакам да расчистам нешто. Шери и јас се разделивме. Таа е бремена и го чека своето четврто дете, кое не е мое. Ќе продолжиме да ги воспитуваме нашите три прекрасни деца – напишал Стив во својата објава и побарал приватност
АКТЕР ЈА ОСТАВИ БРЕМЕНАТА ЖЕНА! Ја објасни СТРАШНАТА ВИСТИНА и направи бура по мрежите

Освен што е избор за кариера, сапуницата стана дел и од приватниот живот на Стив откако дозна за изневерувањето на сопругата Шери Гастин со која е во брак 23 години. 51-годишниот актер ги сподели деталите за нивното раскинување во приказна на својот Инстаграм профил.

Сакам да расчистам нешто. Шери и јас се разделивме. Таа е бремена и го чека своето четврто дете, кое не е мое. Ќе продолжиме да ги воспитуваме нашите три прекрасни деца – напишал Стив во својата објава и побарал приватност. Двојката, која е во брак од 1999 година, има две ќерки Макена и Бруклин и син Џек.

Инаку, Стив е дел од актерската екипа на сапунската опера Општа болница од 1991 година, во која го толкуваше ликот на Џејсон Морган, кога беше отпуштен на крајот на 2021 година бидејќи одби да се вакцинира против коронавирусот.

За жал, добив отказ поради мојот став за вакцинирање. Знаеш, боли. За мене овде се работи за лична слобода и мислам дека поради ова никој не треба да ги загуби основните средства за живот – изјави тогаш актерот за странските медиуми.

https://people.com/tv/steve-burton-files-for-divorce-from-wife-sheree-burton/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.