Активистка по 15 месеци се симна од дрво

Loading...

Австралиска еколошка активистка, која се насели на едно стебло еукалиптус пред 15 месеци протестирајќи против сечата на древните шуми во Австралија, мораше во четвртокот да се откаже од својата акција поради шумски пожар.

 
Миранда Гибсон, 31-годишна наставничка, во декември 2011 година се качи на едно дрво еукалиптус на Тасманија, јужен австралиски остров. И оттогаш од 600 метри височина преку социјалната мрежа Facebook ја водеше кампањата на здружението Still Wild Still Threatened.
По совет на членовите на нејзината група, конечно се симна од дрвото, ветувајќи продолжување на кацијата кога ќе биде изгаснат пожарот кој пустоши на неколку километри оддалеченост.
„Промената на правецот на ветерот би можела брзо да го насочи пожарот наваму, па не би имала време да побегнам”, им појаснила Гибсон на новинарите откако се симнала од дрвото.
Нејзиниот престој на стеблото еукалиптус, инаку симбол на австралиската природа, е најдолгиот во историјата на Австралија, нагласија еколошките невладини здруженија. Имено, во 1995 година, во северната австралиска држава Квинсленд, Манфред Стефенс мина 208 денови во слични услови, што е помалку од двојно до времето што на дрво го мина Гибсон
Макфакс
Австралиска еколошка активистка, која се насели на едно стебло еукалиптус пред 15 месеци проте

loading...
Loading...