Активистките на Femen протестираа во храмот Нотр-Дам во Париз

Loading...

Феминистките на украинското движење Femen одржаа уште една од своите веќе прочуени разголени топлес-акции во славната црква Нотр Дам во Париз во чест, како што најавија, повлекувањето од папскиот престол на Бенедикт Шеснаесетти, пренесува AFP.

 
Во понеделникот, 85-годишниот папа Бенедеикт Шеснаесетти објави дека тој веќе не е во состојба да ја води Католичката црква поради старост. Тој се одлучи да ја напушти Светата столица на 28-ми февруари, што е првото повлекување на папата од престолот на Свет Петар што е прв случај на откажување од понтификатот во модерната историја. Во историјата на католичката црква, инаку, досега само еден папа отстапил од Светата столица, и тоа папата Селестин Петти кој бил избран во 1294 година. Тој се повлекол само неколку месеци откако бил избран, а негов наследник бил Бонифаз Седми кој наредил да биде затворен.
Мешајќи се со мноштвото туристи, осум активистки на Femen се втурнале во наосот на катедралата, каде што од почетокот на февруари се изложени деветте нови ѕвона на Нотр-Дам де Пари (Богородичната црква) , коишто треба да бидат поставени подоцна месецов. Отфрлајќи ги од себе долгите мантили, полуголите жени започнале да удираат со палки по ѕвоната и да викаат на англиски јазик „Папата веќе го нема”.
На телата и грбовите на феминистките биле напишани слоганите „Не хомофобија”, „Криза на верата” и „Чао, Бенедикт”.
Интервенирало обезбедувањето на храмот кое ги истерало надвор нарушителките на редот во црквата. Таму тие се задржале уште десет минути извикувајќи пароли за поддршка на законот што во тој момент го носеше Народното собрание (Долниот дом) на Франција, со кој се легализираат хомосексуалните бракови и им се овозможува на истополовите двојки да посвојуваат деца.
Макфакс
Феминистките на украинското движење Femen одржаа уште една од своите веќе прочуени разголени топлес-акции во славната црква

loading...
Loading...