Алармантно предупредување од СЗО: Бројот на пациенти во Европа поголем отколку во екот на бранот во март

Loading...

Неделните инфекции со коронавирусот во Европа сега се повисоки отколку во првиот бран на Ковид-19 на континентот во март, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). 

– Се соочуваме со многу сериозна ситуација. Неделните случаи на инфекција ги надминаа оние што ги забележавме кога пандемијата за првпат достигна врв во Европа во март – рече д-р Ханс Клуж, регионален директор на СЗО за Европа.

 Според него, минатата недела бројот на пациенти во регионот надмина 300.000, а повеќе од половина од европските земји пријавија пораст од над 10 проценти во последните две недели.

 

 

loading...