Албанското Собрание едногласно го донесе Законот за враќање на името Пустец

Loading...

Собранието на Албанија со 120 гласа „за“, едногласно го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чие претходно албанизирано име беше Ликенас.„Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана“, изјави градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко кој воедно е и лидер на партијата на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).На седницата на Собранието на Република Албанија за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на македонската партија во Албанија.Петходно во четвртокот лидерот на албанската опозиција Еди Рама, и покрај тоа што неговите пратеници се спротиставија во законодавноправната комисија на албанското собрание за општината Пустец и официјално да си го врати името наместо Ликенас, даде зелено светло дека неговите пратеници ќе го поддржат предлогот Пустец да биде официјално име на општината во која живеат Македонци.Лидерот на албанските социјалисти Еди Рама имаше големи несогласувања со поранешните премиери, инаку високи партиски функционери и актуелни пратеници Пандели Мајко и Башким Фино, околу поддршката за топонимот Пустец.Меѓутоа, сепак, Рама наложи од позиција на партиски челник, неговите пратеници да го поддржат предлогот на владејачката Демократска партија предводена од премиерот Сали Бериша и Пустец и официјално да си го врати старото име.Пратениците на владејачката Демократска партија на Албанија минатиот вторник во законодавно-правната комисија во албанското собрание дадоа зелено светло за барањето на жителите на Пустец, името на општината и официјално да биде Пустец, а не Лиќенас. Според пратениците од партијата на премиерот Сали Бериша има основ името на општината официјално да биде Пустец.Пратениците на опозициската Социјалистичка партија беа против оваа одлука на демократите и притоа нагласија дека партијата на Бериша оваа го прави во пресрет на парламантарните избори, кои ќе се одржат во јуни.Башким Фино, екс премиер на Албанија и актуелен пратеник на Социјалистите нагласи дека за оваа прашање можеби ќе треба да има и локален референдум.Пратеникот на владејачката Демократска Партија Едмонд Спахо рече дека нема потреба од никаков референдум, бидејќи тоа е барање на населението, и не станува збор за политички потег на власта за да добие гласови на претстојните избори.
МакфаксСобранието на Албанија со 120 гласа „за“, едногласно го донесе Законот за враќање на македонското име на о

loading...
Loading...