Алгоритам што пресметува кое е најдоброто време за кафе

Воениот американски Медицински истражувачки центар, по барање на Армијата, создаде алгоритам којшто укажува кое е идеалното време за пиење кафе, објави „Дејли мејл”.
Тестирањата на системот наречен 2Б-Алерт веб 2.0 покажаа и дека алгоритмот може да ја оптимизира ползата од кофеинот и да го намали пиењето кафе. Тоа ќе им помогне да останат будни подолго време.


Според резултатите, моделот ја зголемува ефикасноста на будност за 40 отсто, што значи дека учесниците пијат 40 отсто помалку кафе, за да бидат будни.
Едно од главните прашања гласи – ако човек што не спиел цела ноќ, а треба да остане 100 отсто буден меѓу 9:00 и 17:00 часот, колку кафе треба да консумира и кога? Алгоритмот користи одредени податоци и ги пресметува минималните количества кофеин со најголем ефект.
Имајќи предвид дека кофеинот не дејствува исто на сите луѓе, добиените резултати можат да варираат.
Според креаторот на алгоритмот, Жак Рајфман, овие пресметки можат да ја зголемат будноста и до 64 отсто при консумација на обратнопропорционално помалку кафе во одредено време.

Loading...