АЛЕКС РОДРИГЕЗ Ѝ СЕ ОДМАЗДУВА НА ЏЕЈ ЛО? Фатен со бившата девојка, се шушка дека се во врска!

Loading...

Американските медиуми деновиве внимателно го следат љубовниот живот на Алекс Родригез, со кого Џеј Ло раскина само две недели пред да биде фатена за прв пат со Бен Афлек.
Поранешниот бејзбол играч неодамна беше виден како излегува од зградата на актерката Кети Холмс, по што почнаа да кружат гласини дека се во врска. Сепак, ПР на холивудската актерка објави дека не го познава Алекс Родригез и наскоро се појавија нови озборувања за неговиот љубовен живот, и тоа какви.


Според Page Six, Алекс е фатен во друштво на телевизискиот продуцент Линдзи Шукас на нејзината роденденска забава во саботата. Двајцата беа снимени заедно како седат на интимен собир во една градина, а веднаш се појавија гласини дека меѓу нив има повеќе од пријателство.


За да бидат работите уште поинтересни, Линдзи е поранешна девојка на Бен Афлек и прва со која официјално беше во врска откако се разведе од Џенифер Гарнер. ПР тимот на Родригез негираше дека спортистот и продуцентот биле во врска.
“Таму нема ништо. Тие се пријатели веќе 15 години”, рече ПР на Алекс и времето ќе покаже дали е тоа вистина.

loading...