Аленка Братушек прелодложена за мандатар на словенечката влада

Loading...

Позитивна Словенија (ПС), партија со најмногу мандати во словенечкото собрание, ја предложи Аленка Братушек за мандатар за состав на преодна словенечка влада.

Нејзината кандидатура е потврден во четвртокот доцна вечерта на состанокот на партиското раководство на ПС, партија која има 28 мандати во парламентот кој брои 90 пратеници.Братушек најави дека уште денеска ќе ги отпочне разговорите за состав на новата влада со три партии кои начелно се подготвени да ја поддржат нејзината кандидатура, со цел на премиерот на постоечката влада Јанез Јанша да му се изгласа недоверба. Тоа се партиите Граѓанска листа (ГЛ), Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС) и Социјалните демократи (СД).Словенечките медиуми во првичните реакции оценија дека станува збор за доволно парламентарно мнозинство кое на Јанша може да му изгласа недоверба, но сепак постои дилема дали Братушек, со оглед на различните партиски програми, ќе успее да ја поврзе новата влада, или кон средината на годината ќе уследат нови избори.Претставниците на трите партии постигнаа начелна согласност со Братушек за формирање на ново парламентарно мнозинство, но под услов градоначелникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ да се повлече од позицијата лидерот на партијата Позитивна Словенија.Јанковиќ, кој исто така се обвинува за корупциски афери како и премиерот Јанша, потпиша изјава дека се повлекува од партиската функција со именувањето на нова влада.Доколку Братушек добие мнозинство гласови во парламентот, владата на Јанша автоматски станува техничка, а мандатарката во рок од две недели мора да ги предложи министрите, за што е потребно повторно гласање во Собранието.
Макфакс
Позитивна Словенија (ПС), партија со најмногу мандати во словенечкото собрание, ја предложи Ал

loading...