Алжирско кафе кое ќе сакате да го пробате

Loading...

Топлото време полека доаѓа, а ова ледено кафе со вкус на лимон може да биде одговорот на сите желби за добро кафе. Неговото потекло доаѓа од француската инвазија на Алжир кога француските војници биле стационирани во Мазагран во Алжир. Ова кафе им помагало да ги преживеат топлите денови и војната.
За да го направите потребно ви е еспресо и лимон, но некои рецепти содржат и малку рум.
Мазагран: Алжирско кафе кое ќе сакате да го пробате
Потребни состојки:
коцки мраз
250 милилитри еспресо или инстант кафе
лимон по вкус
засладувач по избор (шеќер, ванила, цимет)
Начин на подготовка:
Наполнете една чаша со коцки мраз.
Подгответе го кафетo и истурете го врз мразот.
Додадете свежо исцеден сок од лимон и засладувач и измешајте.

loading...