Али Ахмети и Мицковски се сретнале вчера тајно! ДПМНЕ не соопшти за што е зборувано

Како по обичај за средбите кои се најважни за иднината на државата дознаваме преку албанските првенци, оти нашите кријат. Кријат веројатно оти договараат работи кои не се од интерес на Македонија и Македонците. Имено, Али Ахмети ја запечати на почетокот на 2017та политичката судбина на Груевски и го симна ВМРО-ДПМНЕ од власт, иако во претходните години доби се што сакаше од првиот и доби што е најважно имунитет од криминален прогон. 
Не постои ниту еден функционер на ДУИ кој бил изведен пред лицето на правдата да одговара за незаконско владеење. Во исто време ДПМНЕ на Мицковски е на колена. Но, ниту тоа не беше доволно. Му свртеа грб на Груевски во прв момент кога осетија слабост. Тоа пак не му пречи на Мицковски да праќа ишарети кон Ахмети цело време. Се сеќавате на легендарната изјава дека сака да учи од Ахмети оти овој бил политички многу искусен.
Е па средбата ја потврди Артан Груби, кој истакна дека на средбата се разговарало и за евентуалното гласање за уставните измени во Собранието. Значи не произлегло некое добро од средбата туку Ахмети си ја тера агендата за обезличување на Македонија и Македонскиот народ. Како по обичај од „Белата палата“ ја сокрија средбата во манир на препораките на Мицковски дека политиката треба да се води тајно и далеку од очите на јавноста.

Loading...