Алсат: МВР најави кривични против Бачев и Петровски

Loading...

Полицијата најавува мерки против лидерот на проруската „Единствена Македонија“, Јанко Вачев и екс-функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски за синоќешниот протест пред куќата на пратеникот Сашо Василевски и навредите што беа упатени кон него. МВР потврди дека во соработка со Јавното обвинителство, против Бачев и останатите лица ќе се постапува во согласност со законот.
Во одреден момент, полицијата беше принудена да го отстрани Бачев, кој продолжи со навредите. Василевски обвини дека демонстрантите пред неговата куќа биле донесени со пари.
Слични протести имаше и пред домовите на пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски ки заедно со Василевски беа дел од осумтемина опозиционери кои гласаа „за“ пристапување кон потребата од измена на уставот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...