Алчноста е поголема болест од коронавирусот!

Loading...

Популарната пејачка ужива во својот дом со семејството, и посебно со своето новороденче Јован, а нивната идила ја расипа неочекуваната состојба во светот. Откако е прогласена вонредна состојба во Србија поради глобалната пандемија со коронавирусот, повеќето граѓани се останата во своите домови во самоизолација, а Сека Алексиќ истакнува дека е помеѓу нив и ги повикува сите да го направат истото.
„Да мислиме на здравствените работници кои работат по цел ден и ноќ, спојуваат смени, не идат дома кај своите семејства поради оваа ситуација. Да им помогнеме така што ќе останеме во своите домови и ќе го намалиме ризикот од ширењето на овој непријател, а воедно и да се спасиме себе од истиот! Ве молам сите кои ме следите да го направите тоа што јас го направив – останете дома со своето семејство“, напиша Сека. „Излегувам само доколку е неопходно, баш онака како што ни препорачуваат“.


Таа ги повика своите следбеници да се помолат за сите луѓе кои се соочуваат со овој „непредвидлив непријател“, како и за медицинските работници кои работат „во кој знае какви услови“.
„Ние барем, за разлика од нив, седиме дома со своите семејства и ништо не ни фали… Да мислиме на нив! На сите им праќам молитвени поздрави“, напиша пејачката.
Таа потоа објави и илустрација од интернет со порака до оние кои купуваат на големо и ги празнат рафтовите така што останатите не можат да дојдат до основните животни намирници.
„Алчноста и проклетството се поголема болест од короната“, истакна пејачката.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

loading...