Американскиот претседател Обама го потпиша указот за „секвестрација“

Loading...

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша указот со кој на сила стапуваат буџетските кастрења познати како „секвестрација“, откако во Конгресот не беше постигнат договорот за алтернативно буџетско решение.Белата куќа објави факсимил од уредбата на претседателот Барак Обама под насловот „Налог за секвестрација за фискалната година 2013-та“. По стапувањето на сила на оваа одлука, американските владини агенции ќе започнат со кастрења во своите буџети во вкупен износ од 85 милијарди долари во периодот од 2-ри март до 1-ви октомври годинава.Претседателот Обама во петокот го обвини опозициските републиканци за неуспехот во Конгресот на САД да се постигне договор за избегнување на автоматските буџетски намалувања познати како секвестрации, нарекувајќи ги овие кастрења „глупи“ „произволни“.Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, републиканецот Џон Бонер изјави за медиумите дека Претставничкиот дом следната седмица ќе го разгледа законот за продолжувањето  на финансирањето на владата, коешто истекува на 27-ми март, како и дека секвестрацијата би можела да биде преобликувана во рамките на тие преговори.„Се надева дека нема да мораме да се носиме со заканата за запирање на работата на владата, додека истовремено ќе се занимаваме со секвестрацијата“, изјави Бонер.Републиканците инсистираат горната граница за пост-секвестрациската потрошувачка да изнесува на ниво од 974 милијарди долари, што демократите не го прифаќаат.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама го потпиша указот со кој на сила стапуваат буџетските кастрења познати как

loading...