Американски акробат сака на жица да мине над Гранд Кањон

Loading...

Познатиот американски акробат, 34-годишниот Ник Валенда во јуни годинава има намера на жица да мине над Гранд Кањон, на местото каде што длабочината изнесува 450 метри, и тоа без никакви безбедносни јажиња, објави Reuters.Оваа акробација од која застанува здивот би требало да се случи на 23-ти јуни, а телевизискиот пренос ќе оди на Discovery Channel. На место на коешто Ник Валенда сака да го мине Гранд Кањонот се наоѓа на територија којашто е во сопственост на Навахо индијанците и дури неодамна успеал да добие дозвола од нив да ја изведе својата акробација.Ник Валенда е седмата генерација на познатата акробатска фамилија ткн „Летечките Валенди“. Минатата година се прослави со тоа што стана првиот човек на светот кој на жица ги мина водопадите на Нијагара, но тогаш тоа го стори со помош на безбедносни јажиња, бодејќи тоа беше условот поставен од американската телевизиска мрежа ABC којашто го пренесуваше овој настан. Минувањето на Нијагарините водопади на жиа поставена на 60 метри височина го заврши за 25 минути.Гранд Кањон е американски национален парк со извонредно стрмни карпи, а самиот кањон на места е длабок и повеќе од илјада метри.
МакфаксПознатиот американски акробат, 34-годишниот Ник Валенда во јуни годинава има намера на жица да мине над Гранд Ка

loading...