Американците традиционално ја прават за празниците, но оваа пита која освојува со вкусот ќе се најде и на вашата трпеза!

Loading...

По потекло од Америка, пеканот е сушено овошје многу слично на традиционалните ореви, но со малку потемна боја и помеко, послатко по вкус. Токму тие ја сочинуваат клучната состојка на фината торта која традиционално се приготвува во САД во посебни прилики, како што се Божиќ и Денот на благодарноста.
Состојки за тесто:
100 гр путер
50 гр шеќер во прав
165 гр брашно
30 гр изматено јајце
Состојки за филот:
75 гр пекан (за полнење)
Неколку цели пекани (за покривање на врвот)
2 јајца
50 мл јаворов сируп
15 гр стопен путер
75 гр кафеав шеќер
Постапка за тесто:
Измешајте путер со шеќер. Потоа додадете го јајцето и на крајот брашното. Само добро измешајте, без матење или мешање.
Тестото оставете го да отстои во фрижидер, па развлечете го на дебелина од 2-3 мм и со него обложете го калапот за колачи.
Постапка за полнење:
Пеканите исечкајте ги и измешајте ги со останатите состојки: јајцата, сирупот, путерот и шеќерот.
Печење на колачот:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Врз основата на колачот намачкајте ја смесата за фил. Одозгора наредете цели ореви. Се пече во загреана рерна 20-30 минути.

loading...
Loading...