Американци ги обучуваат сириските бунтовници во Јордан

Loading...

 Американски воени експерти ги обучуваат сириските антивладини борци во Јордан, објави во неделата германскиот неделник Der Spiegel, повикувајќи се на изјави на учесници и организатори на таа обука.Весникот наведува притоа дека не е јасно дали Американците работат за приватни компании или се од армијата, меѓутоа забележува дека некои од нив носат воени униформи. Обуката, пишува натаму Der Spiegel е насочена на употреба на антитенковско оружје.Околу 200 борци веќе ја минале таквата обука во изминатите три месеца, а постојат планови обуката да ја минат вкупно 1.200 припадници на Слободната сириска армија (FSA) во два кампа, на југ и на исток од Јордан.Британскиот дневен весник The Guardian, исто така, извести дека американски инструктори им помагаат на сириските бунтовници во Јорда. Во обуката, исто така, учествувале и инструктори од Велика Британија и од Франциjа, пишува весникот повикувајќи се на јордански безбедносни извори. За вакви тренинзи, но на територија на Турција уште минатата година пишуваа турските дневни весници.Јорданските разузнавачки служби, исто така, биле вклучени во програмата, чија цел е да формираат десетина единици со вкупно околу 10 илјади борци, пишува Der Spiegel.Портпаролот на американското министерство за одбрана одбил да го коментира пишувањето на германскиот неделник. Француското министерство за надворешни работи и британските министерства за одбрана и за надворешни работи, исто така, немале коментари на написот.
Макфакс Американски воени експерти ги обучуваат сириските антивладини борци во Јордан, објави во неделата германск

loading...