Амнестирани се Бетмен, Дамовски и Јовановски

Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски се тројцата за кои што доцна попладнево Кривичниот суд, одлучи да бидат амнестирани. И тие сега се последните тројца за кои обвинителството има дадено позитивно мислење.
Останатите 14 барања за кои обвинителството одлучи дека не ги исполнуваат условите, не добија амнестија.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска даде мислење дека во 14 случаи лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите.

Основното јавно обвинителство за следење на организираниот криминал и корупција од вкупно 29 барања за амнестија, доставени до Основен суд Скопје 1, даде позитивен одговор за 15 барања, а за 14 барања е заклучено дека не ги исполнуваат условите предвидени со закон. Основното јавно обвинителство Скопје пак постапуваше во врска со 37 барања за амнестија и за сите е испратено мислење до Основен суд Скопје 1, а од сите барања за само 1 од нив даде позитивен одговор.

Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и оние кои учествувале во подготовката, насилниците, оние што носеле оружје и експлозивни направи и службените лица кои постапиле спротивно на нивните овластувања. Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, вчера рече дека досега се амнестирани 12 луѓе.

Loading...