Ампова од Гласен текстилец: Работниците се пак оштетената страна, УЈП да реагира за исплата на плата од 8000, 9000 денари

Loading...

Кристина Ампова, од здружението Гласен текстилец, вечерва во Отворено студио на ТВ 24 посочи дека Управата за јавни приходи мора да се стави во служба на работниците, истакнувајќи дека работниците изминатите месеци земале плата од 8000 до 9000 денари а УЈП не реагирала за ваква ситуација, односно како што рече таа и недостига улогата на УЈП, а не само вината да се става на товар на работниците.
Морам да кажам што се случува, а за кое што УЈП не внимава. Овде ги ставивте сите институции во корист на бизнис секторот, стопанството да не трпи штети. Работниците пак се оштетената страна, значи освен што се соочуваат со откази, имам извод од плата и затоа барам да се исплати минимална плата, плус надоместок за минат труд. Надоместокот на минат труд според колективниот и законот за работни односи не се исклучува. Така што кога ги гледам тие плати од 7000, 8000, или 9000 денара, ми фали улогата на УЈП како минуваат овие плати и навистина ми е чудно и сметам дека не е во ред цела вина за цел овој период да се става на товар на работниците, значи каде се тука институциите, прашува Ампова.

loading...