Анализа на кредитирањето: значително зголемена поддршка на населенито и фирмите

„ПАРИ“ АНАЛИЗА | Банкарскиот сектор во кредити има пласирано 6,6 милијарди евра, заклучно со јуни 2022 година. Од нив, 3,2 милијарди евра се во корпоративниот сектор, а 3,4 милијарди евра се пласирани кај домаќинствата. Истовремено на сметките на банките се наоѓаат 7,4 милијарди евра во депозити.

Анализа на кредитирањето: значително зголемена поддршка на населенито и фирмите

Податоците на Народната банка откриваат дека кредитите значително побрзо растат, отколку депозитите. Имено, на годишно ниво, имаме вкупен раст на кредитите за 10%, а на депозитите за 1,8%. Во, апосолутен износ овие бројки покажале дека депозитите за една година се зголемиле за 130 милиони евра, а кредитите за околу 600 милиони евра. Така, на крајот од јуни годинава, разликата меѓу депозитите и кредитите била околу 770 милиони евра, а пред една година била околу 1,2 милијарда евра.

СТАВКИЈУНИ 2021ЈУНИ 2022
Депозити7,27 милијарди евра7,40 милијарди евра
Кредити6,02 милијарди евра6,63 милијарди евра
Разлика (делозити-кредити)1,24 милијарди евра770 милиони евра

Ова, велат експертите може да го издржи банкарскиот систем, затоа што тој имаше многу голема ликвидност, или народски кажано многу пари кај себе, кои не беа пласирани. Но, на банката и е работа да ги пласира парите, а токму од тоа пласирање и таа заработува. Секако, со добра проценка на кредитниот ризик на пласманите, во што досега банкарскиот сектор се покажа успешен. Од друга страна, значителниот раст на кредитирањето значи вбризгнување пари во стопанството и кај населението. Ако тие пари се искористат развојно, особено во стопанството, ќе овозможат вкупен економски раст.

„Вкупните кредити , во јуни, забележаа месечен и годишен раст од 1,0% и 10,0%, соодветно. Позитивната промена кај двете основи е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор“, велат од Народната банка.

ПОГОЛЕМ РАСТ КАЈ КОРПОРАТИВНИТЕ КРЕДИТИ ОТКОЛКУ КАЈ ДОМАЌИНСТВАТА

Банкарскиот сектор првото полугодие го завршил со повеќе пари пласирани кај домаќинствата, но со поголем процентуален раст на кредитирањето на корпоративниот сектор, ако се споредат бројките со оние од пред една година. Така, годишниот раст на кредитите во корпоративниот сектор е 12,4 проценти, а на домаќинствата е 7,7 проценти.

И на месечно ниво,во јуни во однос на мај, имало поголем раст на кредитите во корпоративниот сектор, и тој износеувал 1,1%, за разлика од растот кај домаќинствата што изнесувал 1%.

Пласман на кредити – состојба јуни 2022

КРЕДИТИСОСТОЈБА (МИЛИЈАРДИ ЕВРА)МЕСЕЧЕН РАСТ (ВО %)ГОДИШЕН РАСТ (ВО %)
Корпоративен сектор3,21,112,4
Домаќинства3,41,07,7
Вкупно6,61,010

Извор: Народна банка

Народната банка констатира дека растот кредитите на корпоративниот сектор во јуни во однос на мај се должи на зголемувањето на кредитите во странска валута, во услови на мал пад на кредитите во денари. Годишната промена е поради растот на кредитите во денари и во странска валута, при поизразен раст кај кредитите во денари.

Во однос на кредитите кај домаќинствата месечниот раст се должел и на каредити во денари и на кредити во странска валута, при што кредитирањето во странска валута било малку поизразено. Но, на годишно ниво, растот во поголем дел произлегува од зголемените кредити одобрени во денари.

КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО НАЈМНОГУ ПАРИ ПЛАСИРАНИ ВО ПОТРОШУВАЧКИ И СТАНБЕНИ КРЕДИТИ

Ако се гледа пласманот на кредити кај населенито, може да се заблежи дека околу 90 проценти од кредитите се пласирани како потрошувачки, или станбени кредити. Податоците покажуваат поголем раст на станбените од потрошувачките кредити. Од економска гледна точка, тоа е добар показател што укажува дека населенито повеќе пари бара за сопствени капитални инвестиции, отколку за решавање на тековни проблеми. Сепак, кај потрошувачките кредити се пласирани повеќе пари, 1,8 милијарди евра, додека кај станбените 1,1 милијарди евра.

Податоците покажуваат и дека опаѓа интересот за задолжување со кредитни картички, но дека многу полесно домаќинствата одат во минус на тековна сметка, што во најчест случај значи одење во минус со една или две плати.

Автомобилските кредити имаат постојан тренд на намалување и тие се сведени на само 3,7 милиони евра.

Кредити по намена

(во евра)

ВИД НА КРЕДИТСОСТОЈБА 6.2022МЕСЕЧЕН РАСТ (ВО %)ГОДИШЕН РАСТ (ВО %)
Потрошувачки1,8 милијарди1,16,8
Станбени1,1 милијарди1,114,9
Кредитни картички167 милиони0,7-2,1
Негативно салдо по тековни сметки106 милиони0,615
Автомобилски3,7 милиони-0,3-6,4
Други кредити38,5 милиони-1.4-35,8

Извор: Народна банка
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/bankite-go-odvrzaa-keseto-za-edna-godina-kreditite-se-zgolemile-depozitite/

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.