Анастасија Раќњатовиќ неодамна го оддржа својот прв соло настап ни помалку ни повеќе во Париз, а како што кажа и самата, не очекувала толкаво внимание.
Веднаш само што слетала на белградскиот аеродром беше пречекана од бројни телевизиски екипи, а младата поп ѕвезда беше поприлично изненадена.
-Ме дочекавте како да ја освоив „Евровизија“, а само имав настап како и секоја друга пејачка. Беше феноменално, публиката беше фантастична. Имав чиуство како да настапува сто и еднаш, а не прв пат, изјави Анастасија.
Таа по настапот во Париз откри дали има амбиции да ја преставува Србија на „Евровизија“.
-За сега немам такви амбиции. Мене тоа ми е супер, но некако немам размислувано во таа насока. Никогаш не вели никогаш, мене тоа навистина ми е супер, еден ден ако ја најдам вистинската песна за тоа, би се пријавила, но за сега не, истакна Анастасија.