Анастасија ја откажа турнејата откако повторно и е дијагностициран рак

Loading...

Пејачката Анастасија нема да ја одржи европската турнеја што требаше да започне на 6 април во Лондон, бидејќи по вторпат и е дијагностициран рак на дојката.

„Се чувствувам грозно што морам да ги разочарам обожавателите кои се радуваа на мојата турнеја 'it's a Man's World'. Ми се кршеше срцето што морам да ги разочарам”, изјави 44 годишната пејачка.
На Анастасија рак на дојката првпат и беше дијагностициран во 2003 година, но по серијата успешни операции и терапијата, успеа да ја победи болеста, пренесува „Мирор”.
„На Анастасија, за жал, вторпат и е дијагностициран рак на дојката откако успешно ја преживеа битката со болеста во 2003 година. Со оглед на тоа, принудена е да ги откаже сите настапи, турнеи и патувања”, се вели во официјалната страна на пејачката на Фејсбук.
Макфакс
Пејачката Анастасија нема да ја одржи европската турнеја што требаше да започне на 6 април во

loading...
Loading...