Ана Николиќ откри како ослабела, истото можете да го направите во карантин!

Loading...

Популарната пејачка Ана Николиќ со месеци наназад изгледа како вистинска бомба откако драстично ослаби и го промени изгледот од корен.
Таа поради ова е мета на шпекулации како ли ослаби за толку кратко време по породувањето и прилично големиот број на вишок на килограми.
Најпрво во јавноста се шпекулираше дека таа како и пејачот Дарко Лазиќ направиле операција за стеснување на желудникот, но таа веднаш го негираше тоа, додека Дарко Лазиќ ја призна оваа операција на која што е горд.


Овој пат Николиќ преку својот Инстаграм профил реши да стави точка на сите невистини и откри како ослабела.
-Драги мој, конечно да ставам точка на шпекулациите- за моето губење на вишокот на килограми и сегашната фигура задолжени се исклучиво таблетите за слабеење во комбинација со тренинзи дома и кај мајка ми во студио, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

📸

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on


Ана додаде дека некои фирми го злоупотребуваат нејзиното губење на килограми за промовирање на нејзиното ослабување, а поради сето тоа таа ќе ги тужи.

loading...