Ана Јаневска во „Пред и Потоа“ со Небојша Пешевски

Loading...

Најбараниот македонски стилист Небојша Пешевски во соработка со Пулс24 Ви ја претставува најновата трансформација од редовната рубрика „Пред и Потоа“.

Нашата нова кандидатка Ана Јаневска има кадрава кафена коса и прекрасни кафени очи, а нашиот вешт стилист и екипата од студио алуре ќе се потруди и овој пат да направи неверојатна трансформација.
Како што е редот, започнуваме со косата. Дечките од Студио Алуре ја поткратија и обоија косата на нашата денешна кандидатка во тренди нијанса. Небојша Пешевски за оваа трансформација искористи силна нијанса на виолетова боја за сенка и кармин, што дополнително го освежи нејзиното лице.

За фотографијата се погрижи Моника Муличковска.

Доколку и вие сакате да учествувате во рубриката „Пред и Потоа“ на Пулс24.мк пријавете се на фејсбук профилот на нашиот стилист (www.0.mk/NPeshevski) или на фејсбук страницата на Студио Алуре (www.0.mk/StudioAllure)

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најбараниот македонски стилист Небојша Пешевски во соработка со Пулс24 Ви ја претставува најновата трансформација од р

loading...