Ангела Меркел четвртина е Полјачка?

Loading...

Германската канцеларка Ангела Меркел има полски корени, а доколку нејзиниот дедо во 1930 година не го променил презимето, нејзиното моминско презиме не би било Каснер, туку Казмерчак (Kazmierczak), пишува авторот на новата биографија на челничката на владата на Германија, Штефан Корнелиус во статија објавена во весникот Sueddeutsche Zeitung.Биографијата, којашто ќе го носи насловот „Ангела Меркел – канцеларката и нејзиниот свет“(Angela Merkel – die Kanzlerin und ihre Welt) ќе биде промовирана во четврток, 14-ти март.Според авторот на биографијата, дедото на Ангела Меркел бил дојденец од Познан, Лудвиг Казмерчак. Тоа презиме во детството го носел таткото на актуелната германска канцеларка, Хорст, кој се родил во 1926 година. Но во 1930 година, неговото семејство одлучило да ја земе германската варијанта – Каснер.Вистинското презиме на таткото на Ангела Меркел, што го имал кога се родил, досега не беше познато. Самата канцеларка, како што забележуваат германските медиуми, во тој поглед постојано се изјаснуваше многу неодредено.
МакфаксГерманската канцеларка Ангела Меркел има полски корени, а доколку нејзиниот дедо во 1930 година не го променил п

loading...