„Андреа Бочели: Љубов во Портофино” во киното Cineplexx

Loading...

Концертниот филм „Андреа Бочели: Љубов во Портофино“ премиерно ќе биде прикажан во петок во 20.30 часот во киното Cineplexx во Скопје.Кино публиката ќе има можност да ја доживее интимната и романтична атмосфера, која омилениот светски тенот ја направи за публиката на еден од најубавите плоштади на светот, Пјацета во Портофино.На овој концерт, снимен во август 2012 година во продукција на наградуваниот продуцент Дејвид Фостер, Андреа Бочели ги отпеа најубавите љубовни песни пропратен од оркестар од 40 членови. Гости на оваа вечер беа германската ѕвезда Хелен Фишер, бразилската пејачка и текстописец Сенди, неговата вереничка Вероника Берти, како и виолинистката Керолајн Кембер и трубачот Крис Боти.Кино доживувањето вклучува и ексклузивно интервју со Бочели, во кое гледачите можат да го слушнат неговото размислување за љубовта и романсата.Филипо Шугар, претставник на италијанската куќа Sugar Music, за овој концертен филм изјавува: „Настап на најчудесниот тенор во таква интимна атмосфера на залезот на сонцето во Портофино е нешто што не смее да се пропушти. Кино доживувањето и овозможува единствено задоволство на широката публика, прилика да уживаат во најромантичните песни кои ги изведува најдобриот светски уметник, Андреа Бочели. Ова е прилика и да се слушне неговото размислување за љубовта и романсата во специјалното интервју.
МакфаксКонцертниот филм „Андреа Бочели: Љубов во Портофино“ премиерно ќе биде прикажан во петок во 20.30 часот во

loading...