Антиамерикански протести во Авганистан

Loading...

Стотици демонстранти излегоа во саботата во авганистанската провинција Вардак пред зградата на парламентот во Кабул на антиамерикански протести, пренесе авганистанската агенција Pajhwok.

 
Стотиците демонстранти протестирале против „големата непристрасност” на американските војници и побарале нивно повлекување од централната покраина Мајдан Вардак, се додава во извештајот на агенцијата при што се нагласува дека протестот минал без инциденти и насилства.
Како одговор на поплаките на локалното цивилно население против припадниците на американските специјални сили, Националниот совет за безбедност на Авганистан пред три седмици упати до министерството за одбрана барање да бидат префрлени странските војници од централната провинција Мајдан Вардак.
Иако крајниот рок што беше даден за оваа операција, истече на 10-ти март, војниците на меѓународната коалиција сепак сé уште остануваат во оваа централна покраина.
Демонстрантите се собраа на плоштадот Дех Бори Човк во главниот град Кабул, извикувајќи слогани против американските сили и барајќи нивно итно повлекување од Мајдан Вардак. Тие предупредија дека натамошното присуство на американските војници во покраината може да доведе до „страшни последици”, по масовни убиства на цивили и нелегално затворање на локалното населени.
„Сакаме американските специјални сили да ја напуштат покраината што е можно поскоро. Убијците и мачителите на невините цивили да бидат изведени пред суд”, побараа авганистанските демонстранти кои во поворка дошле до парламентот каде го предале своето писмено барање до пратениците.
Пред три седмици, Националниот совет за безбедност, со кој претседава авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, изјави дека во рок од две седмици целиот состав на американските специјални сили ќе ја напуштат покраината Вардак, што досега не се случи.
Претходно лидерите и старешините на локалните заедници на состанокот со претседателот Карзаи го информира за самоволијата „на Американци и Авганистанци кои носат воени униформи.” Специјалната комисија утврди дека во покраината дејствуваат преоблечени во воени униформи припадници на бунтовничките групи коишто ги убиваат цивилите. Авганистанскиот Совет за безбедност донесе одлука американските воени единици да ја напуштат покраината, но претставници на САД соопштија дека во тој случај безбедносната ситуација во главниот град Кабул драстично ќе се влоши.
Макфакс
Стотици демонстранти излегоа во саботата во авганистанската провинција Вардак пред зградата на

loading...