Анѓушев прави криминал во Фени поголем од Скопје 2014 – обвини Тасева

Loading...

Слаѓана Тасева со директни обвинувања на сметка на Анѓушев при најавувањето на денешната прес конференција. ,,Незаконитост, дрскост и арогантно однесување на вклучените во телата на стечајот, страв кај доверителите, злоупотреба на сиромаштијата на вработените… Ова е поголемо од Скопје 2014. Институциите се заробени, потребен е отпор. Силна јавна реакција. Гледам дека медиумите имаат реклами поради кои не се слободни, но утре ќе биде доцна“ -предупредува Тасева. Таа неодамна се пожали дека заради Фени добила директни закани од вицепремиерот Кочо Анѓушев. Претходно Тасева објави дека мониторингот за стечајната постапка на Фени покажал бројни неправилности. Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Транспаренси ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив, објави тогаш Тасева. Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources” , кои тврдат дека Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.

Дали СДС со овој случај доби „свилен гајтан“ останува да се види, оти јавноста е посебно сензибилизирана на примери кога богатењето доаѓа за сметка на водење стотици луѓе на просјачки стап.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...