Анџелина го продаде подарокот од Бред по рекордна цена

Loading...

Пејзажот од Мароко од Винстон Черчил, кој беше во сопственост на Анџелина Џоли, беше продаден на аукција за повеќе од 11,5 милиони долари, што е нова рекордна цена за слика на британскиот премиер од времето на Втората светска војна.
Сликата „Кула џамија Кутубија“ беше продадена во лондонската аукциска куќа Кристи за 8.285.500 фунти или 11.590.715 долари, иако нејзината вредност пред аукцијата се проценуваше од 1,5 до 2,5 милиони фунти.
Претходната рекордна цена за едно од делата на Черчил беше нешто помалку од 1,8 милиони фунти.

loading...