Анџелина ја доби титулата “уништувачка на бракови”!

Loading...

Анџелина Џоли, е американска филмска актерка која има да раскаже милион приказни. Покрај успешната кариера, соработувајќи со бројни имиња, Енџи има и бурна приказна од нејзиниот приватен живот. Зад себе има три неуспешни брака, од кои последниот заврши со Бред Пит во 2019 година. После толку напрегање, поранешните сопружници сè уште „војуваат“, најмногу заради децата. Со оглед на тоа што нејзиниот фокус е насочен кон семејството, но и фактот дека и е доделена титулата „уништувачка на бракови“, таа тешко поминува во светот на нови запознавања.
Со текот на годините, 45-годишничката била поврзана со голем број мажи, како и жени. Најновите информации се дека таа ‘фрлила око’ на Крис Хемсворт, кој има сопруга Елса Патаки. Елса дури во еден момент помисли, како што пишуваат американските таблоиди, дека Анџелина веќе еднаш украла маж, па не гледа причина зошто не треба да го прави истото со нејзиниот сопруг.
Таа беше поврзана и со колегата Кит Харингтон. „Кит не беше тој што се однесуваше заводливо, туку Анџелина“, истакнаа тогаш медиумите, но се чини дека и неговата сопруга Роуз Лесли успеа да го спаси својот партнер. Заедно со нив, се шпекулираше дека Анџелина преминала во жени, со оглед на тоа што немала среќа со мажите од последниот развод.


На крајот на краиштата, минатото не помага. Имено, Анџелина, според сите проценки, била несреќна во три брака, па се сомнева дека изгубила верба во љубовта, па дури и изгубила доверба во мажите. Имено, во една прилика се пишуваше за тоа како Бред ја изневерил. Извор близок до поранешните сопружници открил дека Анџелина ангажирала истражители да го следат нејзиниот сопруг затоа што во тоа време во медиумите се шушкаше дека тој ја изневерува со француската актерка Марион Котилард, со која во тоа време снимаше во Лондон. Анџелина сакаше да ја дознае вистината, рече изворот, а истражителите можеа да најдат докази за неверството на Бред, но не само со француската актерка, туку и со руски проститутки! Тој наводно бил снимен неколку пати како се забавува во друштво на проститутки од руска националност и конзумира тешки дроги со нив. Тоа беше шок за Анџелина, од кој длабоко во себе, можеби сè уште не се опорави.

loading...