Анџелина Џоли: Сериозно го сфатила предупредувањето на лекарите

Анџелина сега одбира само модерни чевли кои се здрави за носење
Во последните години, холивудската актерка Анџелина Џоли многу го променила стилот на облекување, па сега почесто можеме да ја видиме во елегантни, но пред сè удобни и пријатни модни комбинации.


Освен што тесната облека ја заменила со широки, лелеави фустани, актерката сериозно го сфатила и предупредувањето на нејзиниот ортопед за штетноста на превисоките обувки, па вртоглавите потпетици ги сменила за симпатични, дамски „kitten“ потпетици од 4-5 центиметри.
Чевлите на славниот Кристијан Лубутин во неутрална боја биле совршен избор за прошетка и шопинг со ќерките Шајло и Захара, а овој пат Анџелина се одлучила за лакиран модел.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.