Апасиев: Пендаровски пи*ка ти материна, Пендаровски: Ќе изедеш ќотек ако ми го кажеш ова во очи…

Пендаровски, пичка ти матер напиша пратеникот на Левица Апасиев на својот Фејсбук профил вчера. Овој статус доби сериозен третман во јавноста.

Пендаровски за Апасиев:

…Тој е психопат кој е или луд или нашмркан…
Апасиев: Пендаровски пи*ка ти материна, Пендаровски: Ќе изедеш ќотек ако ми го кажеш ова во очи…

Денеска на ова Пендаровски одговори и му порача на лидерот на ЛЕвица дека неговата мајка е почината веќе 10 години и дека физички би се пресметал со него доколку тоа му го кажел во очи.

– Тој тип минатата година ја пцуеше јавно Радмила Шекеринска, и знам за каква креатура се работи, но да ми пцуе починат родител не можам да разберам. Мојата мајка е почината пред 10 години, но не се простува пцуење на гроб на родена мајка. Тој е психопат кој е или луд или нашмркан. Избран пратеник во парламент никаде не пцуе родител на колега политичар. На Балканот тие работи ако имаш нешто меѓу нозе се кажуваат во очи, па ќе знаеше што ќе му следува. Но што да очекувате од такво големо македонско маже кое не турка далеку од фундаменталните вредности, рече денеска Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.