Апел од дијаспората до пратениците во сеуште македонскиот парламент!

Апел од дијаспората до пратениците во сеуште македонскиот парламент
Повик до пратеничката од Општина Делчево, Мира Стојчевска да не ги гласа уставните промени и промената на името!
Гневни и крајно разочарани од предавничкиот антимакедонски глас на одредени пратеници во македонскиот парламент, со кој се овозможува промена на уставот на државата, ние делчевчани од дијаспората, кои живееме во државите надвор од Македонија, ја упатуваме нашата порака до наведената пратеничка за преиспитување на одлуката и не гласање во закажаниот термин на 9 јануари 2019 година во македонскиот парламент. Самиот факт што легитимноста на пратениците произлегува од изборните програми на партиите и од волјата на народот, сите пратеници кои ќе гласат за уставните промени а не соодејствуваат со нивните претходни партиски програми , стануват де факто повеќе нелегитимни и немат никаква политичка тежина. Нивните гласови се нелегитимни и неважечки , бидејќи легитимноста произлегува од народот и за народот. Македонската држава е производ на долготрајната историска борба преточени преку Илинден и Асном, потврдени со референдум од 1991 година како и со последниот од 30 септември . Тоа е легитимниот чин од уставот и правната поставеност.
Пратеничке, водете се од гласот и волјата на народот што ви ја доверил довербата и потврдена со бојкотот на референдум, секоја друга материјална или политичка водилка е ништовна и само уништувачка. Благодетите кои ги уживате и имате во сегашниот момент, не се вечни и имат свој крај а исто и свои последици. Мирот и честа е одлука на секој избран преставник на народот. Не го нарушувајте внатрешниот македонски мир и придобивка. Со секој изминат ден ние делчевчани распрскани по светот , ја согледуваме тажната слика на градот на Гоце како и неодговорниот однос на власта кон македонизмот. Ставете крај на уништувањето на тој процес со вашето не гласање за уставните промени предвидени од 9 јануари.
Вашиот приод ќе биде и нашиот одговор за во иднина. Одлучете на која страна од вистината ќе застанете! Херој или предавник ќе биде запишано во македонската историја. Ваш избор и сносење на одговорноста!
Делчево, 5 јануари, 2019 година.
Дијаспора Делчево-Италија, Швајцарија, Англија, Словенија
Координативно тело на дијаспората во Европа
Потпишани Дијаспора Делчево:1.Ангеловски Ванчо 2. Ангеловска Христина 3. Арсов Душко 4. Арсов Ванчо 5.Димев Раде 6.Димитриевски Дарко 7. Георгиевски Зоран 8. Георгиевска Ирена 9. Жежоска Весна 10. Жежоски Горан 11. Жежоска Гордана 12. Јовановски Орце 13. Јовановски Роберт 14. Колевска Сања 15. Миленковски Ванчо 16. Милчевски Велче 17. Петровска Билјана 18. Пеловски Ангелчо 19. Пеловски Љупчо 20. Пеловска Ранка 21. Пејчиновски Злате 22. Пејчинова Славица 23. Симоновски Тони 24. Соколов Марјанчо 25. Стојчев Владо 26. Стојчев Јован 27. Стоименовска 28. Наташа 29. Стоиловски Драган 30.Трајановски Горан 31. Цветковски Горан

Loading...