Апликацијата Тик- Ток го губи епитетот најпопуларна апликација во светот!

Loading...

Кинеската апликација Тик- Ток со месеци беше најпопуларна и најпревземана апликација за “iPhone”, оваа апликација за време на пандемијата со коронавирусот на многумина им преставуваше забава и им предизвикуваше позитивни реакции, особено на помладите.

Меѓутоа, според податоците на аналитичарите од компанијата „Sensor Tower“, во периодот од 1 април до 30 мај, местото најпопуларна апликација го презема апликацијата за видеоконференции Зум.

Апликацијата Зум била првземана околу 94 милиони пати, додека Тик- Ток значително помалку, односно 70 милиони пати.

Аналитичарите се изненадени од  Тик- Ток , бидејќи такви значителни бројки се препишуваат на влијателни социјални мрежи или видео игри.

Доколку се спојат преземањата од двете најпопуларни продавници за апликации-„Google Play Store“ и „App Store“ , тогаш можеме да заклучиме дека Зум, Тик Ток и видео играта Покемон Гоу се преземени повеќе од 300 милиони пати што ги носи во елитниот свет на апликации.

loading...