Апсолутен моден погодок: Вака облечена, секоја жена изгледа феноменално

Loading...

Монохроматскиот стил е многу популарен, а истиот подразбира целиот стајлинг да биде во една боја.
Вака стилизирана, секоја жена изгледа префинето, а доказ за тоа е и англиската актерка и ТВ презентерка, Аманда Холден.
Таа прошетала низ улиците на Лондон, а сите погледи биле насочени во нејзин правец и тоа со добра причина бидејќи и овојпат одбрала одлични парчиња.


Здолништето со висок струк направило нејзината фигура визуелно да изгледа како песочен часовник, а салонките и капутот му дале префинета нота на целиот стајлинг. Сето тоа во бела боја која подеднакво добро им прилега на русокосите, бринетите и црнките.


Оваа модна комбинација, без дилема заслужува чиста 10-ка! Доколку решите да го ископирате ваквиот стил, комплиментите сигурно нема да изостанат.

loading...